Почнува легализацијата на дивоградбите

Bez autora
Feb 24 2011

Собранието на РМ го донесе Законот за постапување со бесправно изградени објекти со што е створена законска можност да отпочне процесот за легализација на околу 310.000 дивоградби во земјава колку што досега евидентирала Агенцијата за катастар на недвижности. Практично легализацијата на дивоградбите во земјава почнува од идниот месец, односно по осмиот ден откако Законот ќе се објави во Службен весник, а барањата за легализација ќе можат да се поднесуваат во рок од шест месеци, односно до септември. Граѓаните ќе имаат можност да ги легализираат куќите по едно евро за квадрат, а ќе им бидат потребни само три документи: уверение за државјанство или копија од лична карта, доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот со имотен лист.

Почнува легализацијата на дивоградбитеСобранието на РМ го донесе Законот за постапување со бесправно изградени објекти со што е створена законска можност да отпочне процесот за легализација на околу 310.000 дивоградби во земјава колку што досега евидентирала Агенцијата за катастар на недвижности.

Како што појасни министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, практично легализацијата на дивоградбите во земјава почнува од идниот месец, односно по осмиот ден откако Законот ќе се објави во Службен весник, а барањата за легализација ќе можат да се поднесуваат во рок од шест месеци, односно до септември.

- Граѓаните ќе имаат можност да ги легализираат куќите по едно евро за квадрат, а ќе им бидат потребни само три документи: уверение за државјанство или копија од лична карта, доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот со имотен лист - вели Јанакиески.

Ценовникот за геодетски елаборат за легализација на дивоизградениот ќе биде донесен на наредна владина седница.

- Елаборатот за индивидуалните објекти нема да бидат повеќе од едно евро за квадрат - напоменува Јанакиески.

Измена во Законот од првичното решение е тоа што покрај претходно предвидените објекти кои беа опфатени, сега е дадена можност да бидат третирани и градбите од локално значење, односно сите видови градби (доградби и надградби) предвидени со Законот за градење, а ќе може да се легализираат и јавните здравствени установи. Овие објекти ќе се легализираат во согласност со Надоместокот за уредување на градежното земјиште или т.н. комуналии.

Јанакиески појасни дека преку амандманска расправа во Собранието, направена е и измена во рокот во кој општините треба да ја издадат урбанистичката согласност. Така, наместо првично предвидените три месеци сега општините во рок од шест месеци ќе треба да ја издадат урбанистичката согласност по приемот на барањето, а во период од пет години легализираниот објект да го вградат во идните урбанистички планови. Предвидено е и прекинување на постапката доколку со барањето не се поднесат потребните документи се додека тие не се обезбедат.

- Граѓаните воопшто не треба да се плашат доколку не обезбедат некој од документите. Тоа може да биде случај со геодетскиот елаборат. Општината по службена должност ќе направи прекин на постапката со што се додека трае овој закон ќе имаат можност да го достават документот - потенцира Јанакиески.

Сите средства од легализацијата на индивидуалните објекти ќе се слеаат во општините, а објектите кои нема да бидат легализирани ќе бидат третирани во согласност со одредбите од Законот за градење и ќе бидат отстранети од страна на надлежните инспекциски служби.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik